На овие шпионски фотографии е фатен маскиран модел кој треба да го најави Mini SUV. Веднаш е забележливо поголемото растојание од тлото до автомобилот, поголемите калници и задната суспензија која е различна од моделите со преден погон.
Но не надевајте се дека со овој Mini ќе можете да од поставувате off-road рекорди. Ова е само еден lifestyle автомобил со кој треба да го покажете вашиот авантуристички дух. Ќе се базира на моделот Clubman највеќе поради тоа што основниот Mini не би изгледал најубаво подигнат од земјата.
Ќе ги користи постоечките мотори од Mini, произведени од BMW. Погонот би требало да биде познатиот Х погон на сите четири тркала, исто така од BMW. Во игра се две имиња, Monte ( поради успехот на Mini во рели трките во Монте Карло) и Colorado, но ќе се сложиме дека ниедно не е доволно атрактивно.
Дали баварците претераа со моделите базирани на Mini? До сега беа успешни а за иднината можеме само да шпекулираме.