Под стрес сте ако немате пристап на интернет? Тогаш можеби патите од пореметувањето кое психолозите го нарекоа "discomgoogolation"!. Клиничкото следење на зависниците од интернет откри дека нивната мозочна активност и крвниот притисок се зголемуваат откако им било забрането користење на интернет.
Така стресот од "снемување" интернет е еднаков на стресот при полагање испити, а во најлош случај - како отказ од работа. Повеќе од 76% од британците признаваат дека неможат да живеат без интернет, а времето го поминуваат праќајќи e-mail пораки, играње игри, или сурфање. Цели 53% од испитаниците велат дека на интернет поминуваат повеќе од 4 часа на ден, а 44% од нив велат дека се фрустрирани и незнаат што да прават со себе кога не се на интернет! Истражувањето покажа дека мажите се под поголем стрес ако немаат интернет навечер, а жените преку ден. Загрижувачки е резултатот дека еден од пет испитаници, поминува повеќе време на интернет отколку со своето семејство. Симптомите за зависност, според психијатрите се: заборавање да се јаде и спие, потреба за напредна технологија или поминување се повеќе и повеќе време на нет, и осеќање на негативните симптоми кога интернетот е недостапен. Дијагностицираните зависници од "discomgoogolation" стануваат се повеќе склони кон кавги, умор, се осеќаат изолирани и имаат помала продуктивна моќ.
|