|
Изгореа три стана во Битола |
|
Вчера, рано утрото избувнал пожар во зграда на улица „ЈНА“ бр.7 во Битола. Нема повредени, но во огнената стихија изгореле три стана. Според информацијата од МВР, пожарот избувнал околу 2 часот и 30 минути по полноќ.
Веднаш по пријавата реагирала противпожарната единица, а увид извршиле екипи на СВР - Битола. Притоа е констатирано дека пожарот избувнал во станот на Ш.З. (38 г.) при што изгорела целата потпокривна конструкција на зградата, целосно изгореле два други стана, а делумно се оштетни уште неколку станови, соопшти СВР - Битола.
|