1,6 милиони луѓе се собраa оваа година во германскиот град Дортмунд на планетарно познатиот техно фестивал, кој ќе остане запаметен како досега најпосетениот Love Parade. Овој голем фестивал одржан во Дортмунд, кој е инаку познат како индустриски град отколку како центар за забава, и покрај дождот и ветерот кои го следеа ова музичко случување, ги сруши рекордите за посетеност.
Рекордот досега го држеше Love parade одржен 1999 година во Берлин со 1,5 милиони посетители.Скоро 250 диџеи од 15 земји ги забавуваа бројните посетители, а мотото на овогодинешната парада беше "Highway to love" (Автопат до љубовта). Оваа година се пријавени и значително помалку инциденти, а вработените во итната служба пријавиле околу 1.300 случаи, што е значително помалку во однос на минатогодишните 4.000. Овој техно фестивал е основан во 1989 година како локален музички настан, но набрзо достигна голема популарност кај младите луѓе. Поради финансиските проблеми Love parade не беше одржан во 2004 и 2005 година. Во 2006 фодина, Love parade беше одржан во Берлин, носледната година берлинските власти одбија да издадат дозвола на организаторите на парадата поради преголемите трошоци за осигурувањето и чистењето. Така минатата година парадата беше преместена во Essen, каде се собраа 1,2 милиони луѓе. Следните паради ќе се одржат во Bochum, Duisburg и Gelsenkirchen.
Останатите слики од парадата се во ГАЛЕРИЈАТА.
|