Стриптизета која танцувала на шипки во возовите во метрото во Сантјаго за да го испровоцира пуританизмот на чилеанското општество била уапсена додека изведувала една своја точка. Монсерат Мориљес (26) ги изненадувала патниците во метрото цела недела танцувајќи разголена, но не сакала да прима пари.
Таа рекла дека протестира поради нетолеранцијата во Чиле, едно од најконзервативните друштва во Латинска Америка, каде што првата генерација по диктатурата на Пиноче веќе се возрасни луѓе. "Ова е само почеток. Со ова почнуваме една идеја што ќе расте и ќе се развива", изјави таа кога беше опкружена од полиција и чувари во метрото. Професионалната танчарка на шипка цела недела успевала да избегне апсење, се качувала на една станица, барала вагон каде што нема деца, се соблекувала и играла, па се симнувала на следната станица.
|