Немој да бидте нервозни. Таквите луѓе, несвесно, постојано или повремено заедно со плунката голтаат и воздух и со него го полнат желудникот до таа мера што им создава проблеми.
Желудникот полн со воздух врши притисок врз дијафрагмата, а преку неа на срцето и на белите дробови, отежнувајќи го дишењето и предизвикувајќи неправилна работа на срцето. Ваквата состојба кај лицето предизвикува вознемиреност и го прави уште понервозен. Лицето се обидува да ждригне, бидејќи исфрлањето на воздухот со ждригање му ги олеснува тегобите.
Воздухот од желудникот преминува низ цревата, каде исто така може да создаде разни тегоби, како и расипување на цревата, особено во пределот на цревните кривини (аероколија).
Ова заболување може да се спречи доколку се јаде пополека, ако се избегнува меката средина на свежиот леб, со избегнување да се пие вода за време на оброците, со задолжителни, па дури и кратки одмори, лежење после секој оброк со нешто топло на стомакот, како и со пиење на било каков топол чај на крајот на јадењето. Вежбање правилно дишење исто така е една од добрите методи за справување со проблемот. Во случај на поголеми тегоби, легнете на стомак, тоа ќе ви помогне полесно да се ослободите од насобраниот воздух.
|