|
Дали мастиките заситуваат? |
|
Британските научници почнаа истражување кое треба да покаже дали новиот вид гума за џвакање може да ја потисне гладта и да помогне во лекувањето на дебелината.
Клучната состојка на новата гума за џвакање се базира на природен хормон на желудникот кој предизвикува чувство на ситост. Третманот со помош на инјекција треба да биде достапен за пет години, но целта на британските научници од Империјал Колеџот е да создадат облик на лек кој може да се консумира орално. Во Велика Британија секое петто лице страда од дебелина, но според медицинските предвидувања, до 2010 година тој број може да се зголеми за 30%. Хормонот познат како панкреасен полипептид по секој оброк го излачува панкреасот со цел да спречи прејадување. Некои луѓе го имаат повеќе, а други помалку. Што е најлошо, дебелината го намалува неговото ниво. Така се зголемува апетитот, луѓето со вишок тежина не можат да се контролираат кога станува збор за храна и натаму се дебелеат.
|