Оваа иновативна туш батерија ја менува бојата со оглед на температурата на водата која протекува низ неа. Со други зборови, со неа не ќе морате да ја тестирате температурата на водата, доволно е само да погледнете каква светлина доаѓа од тушот.
Ако е бела, водата е ладна. Како што расте температурата, така боите напредуваат преку светло сина и виолетова, па се до црвена. Уредот работи само на вода, така што во него нема жици, батерии или струја, која знаете дека е опасна во допир со вода. Покрај тоа што сега не ќе морате да губите време за да ја подготвите адекватната температура, овој туш ќе ви пружи едно ведро и обоено искуство секое утро и ќе ви овозможи среќен почеток на денот. Цената на ова уживање? Околу 4500 денари.
|