Истражните судии завршија со истрагата за уривањето на хеликоптерот на АРМ кога загинаа 11 мировници. Предметот од понеделникот е предаден во Скопското јавно обвинителство. Сега разрешницата е во рацете на обвинителите. Во Скопското обвинителство вчера не можеа да дадат информација каде е предметот и што следи понатаму поради отсуството на обвинителот Стерјо Зиков, кој е отсутен од земјава. Ниту во Министерството за одбрана го немаат резултатот од вештачењето на несреќата. Велат откако била направена интерна контрола внатре во Министерството, истрагата кај нив е завршена и чекаат епилог од обвинителската и судската истрага.
Деновиве се навршуваат шест месеци од трагичната несреќа. На 12 јануари во селото Блаце кај Катланово се урна армиски хеликоптер Ми-17. Хеликоптерот се урна на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Во него беа припадници на АРМ кои се враќаа од шестмесечната мировна мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Последните шпекулации од истрагата, која се водеше во строга тајност, беа дека технички дефект, пилотска грешка или лоши временски услови се можни причини во прелиминарните извештаи за хеликоптерската несреќа. Наводно во истрагата се утврдени неправилности во одржувањето на хеликоптерот Ми-17, кој на последниот лет од Сараево до Скопје летал без редовно направена контрола на секои 50 часови и дека редукторот на главната елиса на хеликоптерот бил закочен, што укажува или на технички дефект или на подготовка за принудно слетување меѓу дрвја.
Неофицијално, Владата на една од последните седници разговарала за формирање на тим кој треба да провери до каде е истрагата за загинувањето на мировниците. Ваквата идеја дошла по оценката на министрите дека истрагата предолго трае.
Воздух во желудникот Немој да бидте нервозни. Таквите луѓе, несвесно, постојано или повремено заедно со плунката ... Повеќе ...
Временска прогноза
Ohrid:
24°C 1014mb
13 km/h
Skopje:
33°C 1010mb
10 km/h
Bitola:
24°C 1014mb
13 km/h
Prilep:
24°C 1014mb
13 km/h
Stip:
33°C 1010mb
10 km/h
Gevgelia:
31°C 1012mb
16 km/h
Да не е досадно
Надворешни содржини
World News
Pentagon brass meet with Pakistanis on carrier
(AP) AP - With violence worsening in Afghanistan and Pakistan, top U.S. military officers secretly met commanders from Islamabad on an aircraft carrier in the Indian...