Коста Костовски, познат како Коки Кометал, остана без својата јахта со која неколку години се вози по Охридското Езеро. Синот на скопскиот градоначалник Трифун Костовски во Македонија увезол јахта за која до ден-денес не платил царина. Поради тоа царинските служби на 26 минатиот месец му ја собрале од водите на Охридското Езеро. Запленувањето го извршиле од Секторот контрола за истраги при македонската Царина.
Коки јахтата ја увезол уште во јули 2003 година преку граничниот премин Меџитлија. Таа била со италијански регистарски таблички. И годинава Коки ги продолжил своите авантури со скапото "бротче". По прошетката низ езерските води, во четвртокот пред две недели, тој ја паркирал на приватното пристаниште пред хотелот Бисер во Струга. Од ова пристаниште царинските служби му ја зеле јахтата на потпретседателот на фудбалскиот клуб Вардар.
Како што велат нашите извори од Царинската управа во документите стои дека јахтата ја увезел странски државјанин. Се уште не се знае дали Коки има двојно државјанство, па ја внел јахтата користејќи го државјанството од странска земја или пак ја донел во државата на туѓо име. Според нашиот закон тој во рок од 6 месеци, поточно во јануари 2004 година требало да ја изнесе јахтата од земјава затоа што се работи за привремен увоз или пак да плати царина. Бидејќи, потенцираат нашите извори од царината, тој не го направил ни едното ни другото, во моментот се води постапка пред царинската комисија за прекршоци.
AP - Hundreds of terrified Christian families have fled Mosul to escape extremist attacks that have increased despite months of U.S. and Iraqi military...