|
Поевтинува регистрацијата |
|
Поевтинуваат патарините и регистрацијата на моторни возила. Владините мерки, што претставуваат обид да се избалансира ценовниот шок предизвикан од поскапувањето на нафтените деривати, ќе почнат да важат за неколку дена.
Давачките за патарина ќе се намалат од 20 до 30 проценти, во зависност од категоријата и типот на возилото, а во делот на регистрацијата поевтинува таксата за јавни патишта за околу 30%. „Ќе напоменам дел од наплатните рампи, на пример Петровец-Велес, онаму каде беше највисока, за прва категорија се намалува од 80 на 60 денари, за втора категорија од 120 на 100 денари, за трета категорија од 220 на 150 денари и за четврта категорија од 330 на 230 денари“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. „Владата донесе одлука за намалување за цели 30% и на цената за надомест за употреба на јавните патишта, која се плаќа при регистрација на моторните возила“, додаде Јанакиески.
|