Препејувањето или крадењето песни е тренд којшто не ја одмина ниту нашата музичка сцена. Ако ваквата појава доминира меѓу фолкерите кои, што веќе одамна е и нормална појава, си прават на ти го - дај ми го со своите колеги од соседството се почесто по некоја нота позајмуваат и забавните пеачи.
Овојпат е Бугарката Пепа, чија "Евтини мераци" е копија на песната на Боки 13 "Преко стола". Единствената разлика во песните се насловите и тоа што сексапилната Пепа има спот во кој се валка врз автомобил, а кој може да се види на музичкиот канал Балканика. Тоа што Пепа ја препеала песната која кај нас освен Боки ја има отпеано и Биг Мама, се разбира, со дозвола на авторот Оцко Василевски, не ги загрижува ниту авторот ниту нашите изведувачи. Боки 13 ја чул бугарската верзија, која според него многу полошо звучи од неговата. Василевски, пак, кој ќе биде автор и на деби-албумот на Бојан во соседна Бугарија има остварено соработки со многу тамошни ѕвезди, како Емануела, Теодора, Алисија и важи за еден од најбараните автори, вели, дека не му пречи тоа што му ги препејуваат хитовите, но смета дека сепак во иднина барем треба да го информираат. Песната со провокативен наслов "Евтини мераци", која домашната јавност ја слушна во верзиите "Зет" (Биг Мама) и "Преко стола" (Боки 13), на Балканика може и да се доживее визуелно и благодарение на спотот првенче на Монси.
|