Дома Вести
|
|
Вести
Почнувајќи од оваа година, фестивалот Охридско лето ќе произведува сопствено вино. Брендот ќе биде „Охридско лето“, а виното ќе го произведуваат винариите кои ќе имаат најдобра понуда.
|
|
Повеќе...
|
|
Децата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 г. и оваа година ќе летуваат во Охрид. Решението го потпиша министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на денот на полицијата.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Потрагата по 22-годишниот студент од Битола, Александар Маркоски, кој пред пет дена исчезна во водите на Преспанското Езеро продолжи и денеска. Нуркачка екипа на МВР засилена со експерт за спасување во води од Франција, одново започна да го пребарува дното на езерото кај рибарско село блиску до Отешево. На помош им дојдоа и рибарите од околните села кои сметаат дека подводните струи го имаат однесено телото спрема Сирхан, спротивно на Северецот кој дувал на втори мај спрема Стење. „Според мене може да биде на левата страна, натаму каде што дуваше ветерот. По наше искуство, струењето телото го однело натаму, према Сирхан“, рече Славе Николовски, еден од рибарите. Полицијата на рибарите им дозволи да употребат голема мрежа влак со која се опфаќа езерска површина до 500 метри.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Група од три македонски издавачи и три печатници обвини дека тендерот за издавање на 131 том македонска книжевност е незаконски доделен на печатницата „Микена“ од Битола. „Табернакул“, „Магор“, „Темплум“, „Слово“, „Македонска реч“, „Логос А“ и трите печатници „Југореклам“, „Абакус“ и „Наумовски“, заеднички конкурирале за овој проект, според нив вреден околу милион евра. Тие и „Микена“ биле единствени понудувачи. Според Каранфиловски, „Микена“ не ги доставила потребните документи и дала нереално ниска цена од 21 милион денари, што било за 803.000 денара помалку од второрангираната група издавачи.
|
|
Повеќе...
|
|
Поголем дел од македонските музички ѕвезди од забавната и од фолк-сцената ќе бидат вклучени во предизборните кампањи на најголемите политички партии. За владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе пеат Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Гоце Арнаудов, Ребека, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски и Соња Тарчуловска. Автор на изборната химна за кампањата на оваа партија е Јован Јованов.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} 105-те години од загинувањето на визионерот и голем идеолог на македонското ослободително движење, Гоце Делчев, денеска беа одбележани во црквата Свети Спас. Со свечената литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
|
|
Повеќе...
|
|
Изборите ја поделија Нова Социјалдемократска партија. Тито Петковски ќе коалицира со СДСМ, министерскиот ешалон формираше фракција. Не сака на 1-ви јуни да настапи со Коалицијата за Европа, туку да настапи самостојно. „Тоа е само една кулминација во којашто ескалираат сите тие концепциски разлики и во таа насока ние го користиме своето статутарно право денеска да прогласиме фракција и да продолжиме со малцинско дејствување во рамките на партијата, согласно Статутот на НСДП“, изјави Лазар Еленовски, НСДП.
|
|
Повеќе...
|
|
Денеска во посета на Ресен престојуваше претседателот на Турција, Абдула Ѓул, што е прва посета на еден државник во историјата на оваа општина. „Почестени сме денеска што ја имаме ретката прилика, за прв пат во општина Ресен да престојува Претседател на Република Турција. Неслучајно е Ресен одбран, бидејќи Ресен е показател на една позитивна клима којашто со векови владее тука помеѓу луѓето и е пример, не само за Македонија, туку и пошироко, на кој начин се развиваат взаемните односи помеѓу луѓето“, изјави Димитар Бузлевски, градоначалник на Ресен.
|
|
Повеќе...
|
|
| << Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>
| | Results 172 - 180 of 463 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 9°C 1030mb |  13 km/h |
| | Skopje: |  | 7°C 1031mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 9°C 1030mb |  13 km/h |
| | Prilep: |  | 9°C 1030mb |  13 km/h |
| | Stip: |  | 7°C 1031mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 12°C 1029mb |  10 km/h |
|
|
|