Дома Вести
|
|
Вести
|
{mosimage} Сликата од минатите години со колони возила во пет ленти, денеска не се повтори на граничниот премин „Богородица“, на македонско-грчката граница. Најголем дел од Македонците останаа доследни на најавите, за велигденските празници, го откажаа патувањето кај јужниот сосед.
|
|
Повеќе...
|
|
Сликарот Ендру Николс ја нацрта најмалата Мона Лиза, која според својата големина е помала од четвртина од обична поштенска марка. Таа е насликана на хартија со 11мм висина и 7мм ширина. Со оваа големина, Малата Монализа е во рекорден размер од 70:1 со оригиналната Леонардова верзија.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Седуммина скопјани кои десетина години тргувале и криумчареле луѓе кон западно еврипските земји се приведени. Приведените биле следени подолго време, а завчера се уапсени во Скопје. Како организатори на групата полицијата ги сомничи Бесник Гуџуфи (43), Мендух Аџами (43) и Енес Камберов (30), а во групата припаѓале Исуф Рамадани (35) браќата Семир (31) и Насер Брахими (36) и Лејла Бафтијар (33) сите од Скопје. Криминалната група организирала синџир за трговија со луѓе и криумчарење мигранти кон западноевропските земји, рече на вчерашната прес-конференција министерката Гордана Јанкуловска.
|
|
Повеќе...
|
|
Македонија во текот на оваа и наредната година ќе оствари стопански раст од 4,5% односно 5%, предвидуваат експертите на Меѓународниот монетарен фонд. Во анализата на движењето на европската економија објавена денеска на интернет-страницата на ММФ, се проценува дека Хрватска во истиот период ќе оствари четири, односно шест проценти, додека Србија 4,3% во 2008 односно помалку од 4% во 2009.
|
|
Повеќе...
|
|
Бизнисмените бараат Грција да запре со трговските блокади за Македонија. Стопанската Комора се надева дека бариерите од грчка страна се неразумни испади на неодговорни поединци и институции и дека зад нив не стои грчката Влада. Во писмото до Унијата на грчките трговски и индустриски комори, Азески апелира до неговиот колега Касиматис, да се заложи да се елиминираат бариерите што ја кочат економската соработка. Се бара итна средба меѓу двете страни.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Иако првично беше најавено дека Нимиц ќе се сретне и со грчкиот премиер Костас Караманлис - средба немаше. Караманлис не сакал да се меша во преговарачкиот процес. Наводно, грчкиот премиер смета дека предвремените избори во Македонија кои ќе се одржат на 1 јуни, "ги прават невозможни измените на Уставот, кои се потребни за гарантирање на можен компромис меѓу Атина и Скопје за името".
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Денеска е последниот ден од доделувањето на 1000 стипендии што ги обезбедува Првиот приватен Европски универзитет - РМ за кандидатите кои ќе аплицираат за упис за време на Саемот за образование. Огромен интерес постои за додипломските стипендии од 500 евра, но и за постдипломските од 1000 евра, а со потпишувањето на преддоговори кандидатите си обезбедија место на атрактивните факултети од овој Универзитет. Избор се прави меѓу Економскиот, Правниот факултет, Факултетот за политички науки, за информатика, за Арт и дизајн, но голем интерес кандидатите покажуваат и за новите факултети за стоматологија и за детективи и криминалистика.
|
|
Повеќе...
|
|
Поранешниот фронтмен на „Бјело дугме“, Горан Бреговиќ, придружуван од својот „Оркестар за свадби и погреби“,на30 мај ќе одржи концерт во Скопје. Организаторот, „Авалон продукција“, на прес-конференција ќе ја објави локацијата на која ќе се случи настанот и цените на билетите, а на оваа средба ќе објават каде ќе свират и „Кошин“ и Рошин Марфи, кои под нивна капа доаѓаат на 7 и на 14 јуни.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} И грчките воздухопловни власти ги фати хистеријата на нивните политичари, па деновиве го одбиле барањето на нашата авио-компанија Македонски авиотранспорт - МАТ за вршење на чартер летови кон јужниот сосед ова лето, токму поради името.
|
|
Повеќе...
|
|
| << Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>
| | Results 163 - 171 of 439 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 13°C 1015mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | 16°C 1015mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 13°C 1015mb |  8 km/h |
| | Prilep: |  | 13°C 1015mb |  8 km/h |
| | Stip: |  | 16°C 1015mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 22°C 1012mb |  8 km/h |
|
|