Дома Вести
|
|
Вести
Отровниот кинески кујнски прибор при долготрајна употреба доведува до оштетувања на мозокот и на коскената срж, велат докторите. Амините откриени во него имаат токсично дејство врз централниот нервен систем и коските. Опасните отровни амини можат да предизвикаат зависност 300 пати поголема и појака од онаа на морфиумот. „Континуирана изложеност на зголемена концентрација на овие амини може да доведе до оштетување на централниот нервен систем. Кога зборувам за централен нервен систем, прво мислам на кората на големиот мозок и оштетување на коскената срж“, изјави Антон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Три непријатности за десетина дена му го нарушија спокојниот пензионерски живот на 75-годишниот Шабан Беќири од тетовската населба Тетекс. Рано утрово со осум куршума од пиштол изрешетан е локалот од неговата куќа, во кој е сместен штаб на ДУИ.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Тунелот што се наоѓа на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај селото Скудриње, од денеска нема да постои. Тунелот денеска ќе биде миниран и урнат, поради што ќе биде затворен патот од Дебар кон Маврово до 20 часот.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Три телевизии со национална концесија -„А1“, „Канал 5“ и „Алсат М“ - ќе им дадат големи попусти на партиите што ќе се рекламираат кај нив. Најголем попуст, од дури 90 отсто од редовната цена, најави дека ќе даде телевизијата „Канал 5“, а само телевизиите „Сител“ и „Телма“ се' уште не откриваат дали даваат попуст за партиски рекламни спотови.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Премиерот Никола Груевски остро ги осуди изборните инциденти од изминатите неколку дена. Тој вчера лично побарал објаснување од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и од првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, како најодговорни за однесувањето во албанскиот политички блок. Тие изразиле подготвеност дека ќе направат се што е во нивна моќ да спречат понатамошни инциденти и да влијаат врз своите активисти и да го почитуваат кодексот за фер избори. Премиерот Груевски уште еднаш ги повика сите актери на политичката сцена да не го валкаат името на Македонија, со предупредување дека ќе нема партиска заштита за никого.
|
|
Повеќе...
|
|
Нов земјотрес ја погоди вчера кинеската провинција Сечуан каде до вчера беа избројани околу 12.000 жртви по првиот земјотрес кој уништи и над 80 отсто од сите објекти. Билансот на загинатите во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што завчера го погоди југозападниот дел на Кина достигна околу 12 илјади лица, соопштија вчера претставници на кинеската Влада. "Досега билансот на загинатите достигна 11.921 лице", изјави раководителот на одделот за справување со природни несреќи при Министерството за цивилни прашања. Силен вторичен потрес со интензитет од 6,1 по Рихтер го погоди вчера градот Ченду, главен град на југозападната кинеска провинција Сечуан, јави Синхуа. Земјотресот предизвика паника и илјадници жители на градот одново излегоа на улиците, пренесува МИА. Според многумина од нив, тој потрес е најсилниот досега по завчерашниот со магнитуда од 7,8 степени.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Во Солун, на железничка станица, неодамна е поставен споменик на Александар Македонски. И ова според Грците не е никаква провокација во спорот со името меѓу Атина и Скопје. За Грците не е прифатлив предлогот Нова Македонија, покажало истражувањето на компанијата РАСС чии резултати се објавени во весникот Парон. Дури 62 отсто од Грците го отфрлиле ова име како неприфатливо. Но, за Грците е неприфатлив ниту еден предлог што го содржи зборот Македонија. Осумдесет и еден отсто од Грците ги отфрлаат предлозите кои содржат Македонија. Според 89,2 од учесниците во анкетата, поддршката на Скопје од страна на Турција, изразена од претседателот Абдула Ѓул, е непријателско дејство. Според 75,5 отсто од анкетираните, непопустливата позиција на Скопје во однос на спорот со Атина за името е потврда на иредентистичките намери на Македонците.
|
|
Повеќе...
|
|
Радмила Шеќеринска, треба да му објасни на македонскиот народ, како за само шест месеци ќе ја внесе Македонија во НАТО и ЕУ, вели лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов. -Кога зборува Шеќеринска за компромис со Грција за влез во НАТО, треба на граѓаните да им објасни дали тоа значи промена на името преку промена на Уставот? Дали тоа значи откажување од македонскиот идентитет, јазик, писмо и култура? Дали тоа значи новото име да не се користи за комуникација со 120-те држави кои што не признаа под Уставното име - изјави Трајанов.
|
|
Повеќе...
|
|
|
{mosimage} Шкотска во целиот свет е позната по вискито, но од оваа недела главниот град на Шкотска ќе се претвори во собиралиште на обожаватели на паранормалното. Фестивалот во Единбург ќе се одржува до 18 мај.
|
|
Повеќе...
|
|
| << Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>
| | Results 154 - 162 of 463 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Skopje: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Bitola: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Prilep: |  | 21°C 1031mb |  11 km/h |
| | Stip: |  | 22°C 1030mb |  16 km/h |
| | Gevgelia: |  | 23°C 1029mb |  13 km/h |
|
|