|
|
|
Свет
|
{mosimage} Гранд прито на вечерта наречена Песна на летото на фестивалот Сунчане скале, што во изминатите три дена се одржуваше во Херцег Нови, го освои Александра Бучевац со темата "Остани". Автор на текстот е Огнен Неделковски, кој заедно со Расто Савиќ ги потпиша стиховите на победничката песна, додека музиката и аранжманот се на Џони Кумингис и Ричард Финк од продуцентската куќа БМИ.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Фатена ајкула во водите на Јадранското Море. Минатиот петок еден црногорски рибар фатил ајкула, која според пишувањата на тамошните медиуми не е опасна за луѓе. Ајкулата се фатила во мрежата на 51-годишниот црногорски рибар Илија Рафајловиќ. Морското куче со главата се заплеткало во рибарската мрежа. Ајкулата била од видот хекс, познат под називот "главоња".
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Успешната градежна компанија на семејството на најбараниот терорист во светот, Осама бин Ладен, се подготвува да го купи англискиот фудбалски клуб Њукасл.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Храбрата Индијка, 70-годишната Омкари Панвар, роди близнаци - син и ќерка, и така стана најстарата мајка на светот. Таа воопшто не била свесна за тој факт. Она што го сакале цел живот со сопругот Чаран Сињ Панвар (77) било да имаат син кому ќе му го остават наследството и тоа била единствената причина што се одлучиле на тој чекор, пренесе Хина.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Во страотната трагедија што завчера попладне се случи на реката Сава кај ХЕЦ Бланца близу Кршко во Словенија, осум веслачи-рекреативци го изгубија животот, а уште петмина се водат како исчезнати. Полицијата и нуркачите стравуваат дека бројот на загинатите може да се искачи на 13. Само едно лице, од 14-те, колку што учествувале во овој слабо организиран рафтинг, успеало да се спаси. Се претспоставува дека е тоа сопругата на удавениот градоначалникот на Севница, Кристијан Јанц, кој е и пратеник во словенечкиот парламент.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека неговиот претседателски мандат ќе има поинаков тон од осумгодишното владеење на неговиот претходник и ментор Владимир Путин. "Целите на развој на Русија не се менуваат - сакаме да создадеме земја со добра, силна економија", рече Медведев по повод самитот на Групата Г8, идната недела во Јапонија. "Кога станува збор за нијансите, секако дека тие се менуваат", рече во интервјуто чиј транскрипт е објавен на интернетските страници на Кремљ и додаде дека "ќе се сменат и акцентите на внатрешната и надворешната политика". Медведев изјави дека се залага за поголема политичка конкуренција, најавувајќи со тоа дека Кремљ би можел да ја ублажи својата доминација над политичкиот систем воспоставен за време на неговиот претходник кој беше шпион на КГБ.
|
|
Повеќе...
|
Најмалку 12 лица загинаа, а 13 се повредени во текот на рација во еден ноќен клуб во Мексико Сити, соопшти мексиканската полиција. Меѓу починатите се и тројца полицајци и двајца малолетници. Полицијата, ноќеска, дојде во преполната дискотека „Њуз Дивајн“, каде неколку стотици млади прославуваа крај на училишната година.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Досега најголеми анти-НАТО демонстрации во Киев ја пречекаа делегацијата на Северноатлантската алијанса, предводена од генералниот секретар на ОН Јап де Хоп Шефер, која вчера пристигна во посета на Украина. Целта на посетата е активизирање на политичкиот дијалог меѓу Украина и НАТО,започнат во Букурешт.
|
|
Повеќе...
|
| << Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
| | Results 9 - 16 of 109 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 17°C 1016mb |  14 km/h |
| | Skopje: |  | 18°C 1016mb |  3 km/h |
| | Bitola: |  | 17°C 1016mb |  14 km/h |
| | Prilep: |  | 17°C 1016mb |  14 km/h |
| | Stip: |  | 18°C 1016mb |  3 km/h |
| | Gevgelia: |  | 22°C 1013mb |  calm km/h |
|
|